болест (имн.) - го (зам.)

Уште малку да преведе од тие сиџили, без кои не ќе може до крајот на животот. Болеста го пресече...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Никогаш не бил побуден откако болеста го врза за собата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Еден педесетгодишник болеста го беше подмладила во бледа ларва со кожа затегната како кај дваесетгодишник.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А таа му велеше на лекарот: ”Болеста го прави нервозен... Ќе се смири...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Море ти си коба! Ти си чумино дете! - му свикаа некои од селаните обземени од жалта за своите умрени и од страв од болеста го зграпчија да го фрлат во варницата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но, не успеав само јас: Гаврил е во Мајкрософт, вредно работи и чекор по чекор оди кон врвот, а Матеј работи како познат стручњак во Cancer центарот во Мичиген, твојата болест го мотивираше да истражува и да им помага на луѓето болни од оваа тешка болест.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тамам детето, а убаво, добро дете беше, тамам детето да се замомчи, кога – болеста го однесе и татка му.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Навикната на внимание и посветеност од сите, подоцна во животот дури до болест го бараше тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Болеста го натера ветеринарот Скрез (ајвандокторот, како што го викаа луѓето) почесто да доаѓа во селото; не можеше од работа да престаса да крене глава: не знаеше во која куќа побргу да појде, на кој добиток побргу да му даде помош.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ех... Нема многу што да се каже, домаќинката има Медицински атлас Ларус, а и болестите го загубија угледот, ги има помалку, гледате што се случи: нема сифилис, нема гонореа, нема тифусна треска. Нема ни чума, ни колера.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кога болеста го прикова за постела, може да се рече дека читањето му остануваше најсилната врска со животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој ги беше прочитал на француски јазик Татковите книги и Времето на козите и се радуваше на нивното објавување во Турција што јас го сметав како своевидно татково враќање во Истанбул, но болеста го спречи да ја доживее нивната промоција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Дека е за болест го давам, вели Доксим Тренчески, земајте, мачкајте се, вели, не барам ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)