бокал (имн.) - вода (имн.)

Еднаш Катерина дотрча од бањата врескајќи. Беше избезумена. Дури на креветот се качи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги измив и прстите што не беа во завој а потоа бокалот вода што го истурив врз згазените лебарки ги одвлечка во канализацијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Три дена како гладуваме а и на работа не одиш, сè нешто сонуваш, одлагаш, пресметуваш. Што се случува?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можев да испијам еден бокал вода, две кофи лимонада и едно буре малина и можев да се закопам во сладолед до гуша.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Време е да одиш по симиди - ме поттикнуваше Катерина откако донесов бокал вода и ѝ го поливав вратот над мијалникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А јас, без разлика на се, сакам мечтата слатка да ми се исполни: кога ќе си одам, крај мене да има полн бокал вода, полна чинија, а вие будалаците, опашајте ги во меѓyвреме мистриите и чеканите и метрото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не можев веќе да чекорам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)