богатство (имн.) - го (зам.)

Богатството го делеше со сите! Тој имаше големо срце, несебичноста негова им дозволи на сите да уживаат во богатство заедно со него!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Кога го отворивме тестаментот кај адвокат се изненадивме што целото богатство го препишала на трите внука со тоа да тие располагаат со парите после нивното полнолетство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- И ѝ ја пцујам мајката на кралицата затоа што народното богатство го изналепила на ѕидовите... Ах, ах, ороспијата германска...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)