блискост (имн.) - кон (предл.)

Кога ја видов не почувствував никаква блискост кон мајка ми, а и таа кога ме виде рече ... е ова не е моето чупе, такво бледо и слабо!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тоа беа звуци од ветрот, поминувајќи низ отворот на јамата созадаваше свои природни композиции, толку привлечни за слушање, што почувствува блискост кон земјата: како кон нешто свое, многу старо, нешто што го влечеше силно во своите прегратки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Најпрвин, таа се обидела да ме брани; тој уште пожестоко ја нападнал, и тоа на партискиот состанок пред сите таму; таа плачела, а тие, другарите од партијата ја прашале дали можеби плаче затоа што чувствува некаква блискост кон мене. Таа рекла дека не чувствува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)