битка (имн.) - меѓу (предл.)

Кога Османлиите го освоија неговиот Сигет, војсководецот Иса-бег, еден од тројцата синови на прочуениот Исхак-бег, кој потоа и загина на Лебното поле во битката меѓу турската и унгарската војска, го довлечка во Скопје запленетиот саат што го симна од саат-кулата на Сигет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Одлучувачката битка меѓу Атина и нејзините сојузници Теба и некои други градови-држави се одиграла во 338 г.пне. кај Херонеја во која Филип II извојувал победа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Одлучувачката битка меѓу Помпеј и Цезар се случила во Тесалија кај местото Фарсала во јуни 48 г.пне.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)