битка (имн.) - кој (зам.)

Има многу битки кои не се завршени во минатите времиња поради погрешните глобални и стратегиски проценки на султанската монархија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога згасна и нејзиниот живот, во шепотот на тишината на Татковите книги, според непишаниот морален тестамент, мене ми преостануваше да го зачувам и да го дотолкувам распоредот на овие книги, да ги продолжам имагинарните битки кои секогаш започнуваа и завршуваа во оваа библиотека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ова беше време да распламти и тивката битка која се водеше меѓу душите на турската баба и албанскиот дедо, да се замине навреме или да се остане засекогаш и да се пречекаат различните војски спротивставени на двете страни од границите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во времето на македонскиот владетел Филип II и Александар III Македонски Пајонците биле македонски сојузници и учествувале во голем број битки кои ги воделе Македонците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)