битка (имн.) - води (гл.)

Немири битка водат, широки немири во бранови, од срце до душа и назад се врв на кревкост.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Таа златна пара му ги подгреа мечтите на Бојан, па често се скиташе по тоа место, што го нарекоа Селиште, и смислуваше разни цареви, царици, дворјани, замислуваше разни војски и битки водени по овие места.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Солзи во ноќта, солзи небото...и месечината молкнува во мракот... со сета своја жар ги испраќа светлосните прсти да минат, по твоето чело, ѕвездите битка водат во танцот, од палавштините што го убиваат чувството на заморен патник... низ светот, преморен од талкање по вистината...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)