битка (имн.) - бев (гл.)

И во оваа битка беше понесен од непресушниот вруток на своите големи идеи коишто мислеше дека им недостигаат на Балканците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се бореше во градината на Картагина лошите тревки да не преовладаат над добрите. Во Картагина битката беше вечна. До самото цветје.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Битката беше секојдневна, жестока. Амбасадорите во сета развиена и разгранета дипломатска мрежа беа под постојан диктат на Централата, пилотирани низ секојдневните шифрирани циркулари.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)