битие (имн.) - ислам (имн.)

Културата и цивилизацијата на Османлиите беа еклектички, тие се збогатуваа со вредностите на освоените територии и народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со падот на Османската Империја, како номадска и освојувачка, уште во своите почетоци при освојувањето на арапските земји го накалеми во своето битие исламот, а потоа арапскиот, јазикот на Куранот, како и персискиот, но потоа се урнува и империјата на јазикот, се губи кодот на синтезата на сите јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Мустафа Кемал Ататурк ќе ја објави на 1 ноември 1928 година лингвистичката револуција за да ја замени арапската азбука со латинична азбука.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османлиите го накалемија врз своето битие исламот и тој стана инструмент на нивната експанзија кон Балканот, Европа, Азија и Африка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)