бимбаша (имн.) - ефенди (имн.)

— Што мислите сега да преземете, ефенди, по овие писма? — го праша Бахтијар место да му нареди нешто.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа овој го повика оној бимбашија што беше зимоска во Витолиште, му ги покажа двете писма и строго го укори: — Се вративте, бимбаши ефенди, со несвршена работа, — и го погледна напорки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не бу, бре кајмакам ефенди! ) — Не бу, бре бимбаши ефенди! ) — ама пајтонот одлета долу Могевите воденици и го фати за неполни три саати Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тој момент му пристапи на бимбашијата Суло, чаушот што ја донесе Толевата глава, што го отепа лично Толета и го замоли: — Изим, бимбаши ефенди, да останам ноќеска овдека, оти нозете не ме крепат веќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кајмакамот, муљазимот и бимбашијата долго го коментираа случајот со конзулот и се чудеа откаде никна тој човек уште в зори, кој можеше да го извести и најпосле се загрижија од мислата: „аџаба навистина италијанскиот конзул беше тој господин?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
12. Со кревањето на аскерот од Мариово и со разубавување на времето им се отворија очите на сите селани, а особено на Толета. Селаните тргнаа по работа, та реши и Толе да „излезе на работа“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бимбашијата ја заврте главата, но го остави со целата негова десетина и овој се нагости дента и вечерта од оние кокошки и мазници што ги нарача Толе за себе и другарите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како за кого, бимбаши ефенди! И осите не касаат кој не ги нагази.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)