билтен (имн.) - од (предл.)

Одам и до граница: примам пошта, билтени од фронтот и чекам да дојде времето за раѓање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја веќе ја сипав третата чаша од Смрдевката и со благотелечи поглед ги посматрав одлучните потези на Парољуб Шврчковски како сѐ уште брца у грчките маслинки, а притоа осетив непријатен мирис на расолница за што бев сигурен дека беше прдежот од Далибор Чмаровски Чмаро, кој таа вечер за чудо не пушти ниту глас туку мудро го прелистуеше новиот билтен од Бронзената копачка на Санчо Панса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Винстоновото срце заигра. Тоа е билтенот од фронтот; инстинктот му велеше дека вестите што следат ќе бидат лоши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓутоа, немаше билтен од фронтот. Тоа беше само едно кусо соопштение од Министерството за изобилство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)