бизнис (имн.) - го (зам.)

На периферијата од градот, северозападно од Метрополата, во Дренок, Ниротакис имаше фабрика за текстил (таа беше специјализиран оддел што ги опслужуваше неговите фабрики во Пробиштип и Виница), а Авни својот бизнис го тераше во златарата “Карат”, впечатлива по мермерната фасада, во непосредна близина на фонтаната “Ангел”, во центарот на Старата чаршија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Со Кара бизнисот го почнуваме наесен, па ќе видите кој ќе биде сиромав, а кому ќе му се прелеваат пари.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)