бензин (имн.) - во (предл.)

Нам да ни се речи дека наши другари се наши непријатели, шпиони и агенти на Тито и на Американците, беше исто како да фрлиш бензин во огнот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Слегов од коњчето, го плиснав бензинот во камионот и го запалив.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ја извади тапата од шишето, се распули наоколу и брзо го пласна бензинот во камионот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)