бег (имн.) - го (зам.)

- Беговите го заборавиле Мустафа -ефендија. Шуќур, се нашол некој наш казанџија и го прибрал дрипавиот ќафир во својата работилница меѓу ламарини и чекани, заедно да локаат студено вино и да пеат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Судбина... Во тие зборови немало ни победнички призвук на докажана мудрост ни разочараност; според неговото сфаќање, сѐ се движело по однапред определени простори со свои тајни и неизбежни законитости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На годината беговите го натерале аргат да им биде, иако тој собрал некоја пара да си купи некое нивче.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бикот подзастана, затресе со главата од која шуркаше крвта и во бег го фати косиот пат кон реката, кон спилите од задната страна на Калето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бегот го изгледа ибн Тајкота, кој сега побледен се подаваше кон џамот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дамче не го симнуваше погледот од крсташот, него, клоцајќи го, Арслан бег го викаше „Дамче“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)