барање (имн.) - дека (сврз.)

Ова природно води кон втората точка која сакам да ја покренам, и која се однесува на резултатот од прашањето за степенот на неопределеност кој може да се јави во правилата кои се конститутивни за значењето без да биде загрозено заедничкото разбирање на изразите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Проблемот тука е сугериран од фактот дека Витгенштајн инсистира врз нормативниот карактер на јазикот, и на барањето дека правилата кои генерално управуваат со јазикот треба да бидат засновани врз согласувања во судовите и практиките (PI, I 99, 107, 240, 242; RFM, VI, 39); освен тоа, на други места вели дека употребата на изразите не е секаде ограничена од правилата (спореди, на пример, PI, I, 79-80).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во најмала рака, ова го наметнува барањето дека сè што се смета за израз од јазикот мора да има улога која може да се спецификува преку она што се прави или што може со него да се направи во јазикот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Притисокот да се отфрли замислата дека можат да постојат употреби на зборовите кои не се раководени од правила, доаѓа од барањето наметнато од самиот факт дека јазикот 62 Margina #15-16 [1995] | okno.mk е јавен инструмент на комуникација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)