барање (имн.) - одговор (имн.)

Во однос на ова барање одговорот пристигнал на 2 декември 1944 година со кој Тито барал акцијата за воспоставување на трговски врски да причека додека во Македнија не пристигне Андрија Хебранг, повереник за трговија, за да се договорат за следните чекори што требало да ги преземат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од друга страна, експертите на Министерството за надворешни работи не можеле да бидат мирни што во советскиот одговор од 10 јануари 1945 година отсуствувал одговорот на прашањето за нивниот став во врска со активирањето на идејата "во поглед на Голема Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Самиот тек на преговорите за југословенско-бугарска федерација пред експертите на Форин Офис го наметнал прашањето од барање одговор за можниот степен на реализирање на идејата за обединување на сите три дела на Македонија кон крајот на 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сета приказна е во твоето попусто барање одговор на твоите ненужни прашања.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во ситуација кога и САД застанале зад ставовите на Велика Британија, вториот секретар Адис инсистирал повторно да се реактивира барањето одговор од страна на Владата на Бугарија на прашањето од 26 јануари 1945 година во однос на преговорите за југословенско-бугарска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нема да кажам ништо повеќе и ништо помалку, вечна каузалност се многуте прашања, а последицата константното барање одговор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)