балкон (имн.) - често (прил.)

Тој балкон често и непланирано умее на себе да собере многу интересни и раритетни лица: филмаџијата Машко со приказните за Мајкл Чимино кој си го сменил полот, доктор Глигор со смисла за хумор од едно Скопје што одамна го нема, кумот Пеѓа со својата ма-шта-то-значи- опрем-добро дилема, актерката Мира Фурлан желна за дискусија, професорот Младен секогаш гладен за расправија, новинарот Борис со либерална словенечка мисла што ни траварица не успева да ја помати...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)