баба (имн.) - кој (зам.)

Не му беше толку до рибата, колку што се плашеше од бабата која секој ден го дочекуваше со зборовите: „Пак ли се враќаш со празна торба, старо аро?“
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не му беше толку до рибата, колку што се плашеше од бабата која секој ден го дочекуваше со зборовите: „Пак ли се враќаш со празна торба, старо аро?“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се сетив на баба која и по триесет години од смртта на нејзиниот девер, сметаше за нужно да му ги направи сите редови што се носат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го удри дедото по главата и ѝ го украде здолништето на бабата која беше беспомошна без бастунот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Лидија оди в градинка, а Зоки не оди, зашто има баба која може да го чува дома.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
По радио јавија дека пожарот на Вардариште успешно е локализиран“ рече една од трите баби кои излегоа да си поседат пред влезот и да си помуабетат - небаре се седнати пред порти во некој далечен сокак од нивната младост.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)