баба (имн.) - ги (зам.)

Фатените старци и баби ги тераа врзани под тврдината и таму ги тепаа и мачеа на очиглед на бунтовниците – нивните деца и браќа, терајќи ги да ги наговоруваат да се предадат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бабо, мамо, тато, јас... јас сум голем! Тие гледаа во него со насмевнати очи, а бабата ги избриша своите солзи радосници.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Дома, мајките и бабите ги призабрадија своите шамии, ги стегнаа усните како да им се сечила, од туку-така пиштеа на нас децата како змии.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И ние со бабата ги посетуваме, ама ретко. Нѐ фатија годините...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)