аукција (имн.) - во (предл.)

Сето друго е обична поза, тотал ококорен во објектив, нешто што може да послужи за потпала. (Мојата облека нема да виси на некоја аукција во Сотби туку на рамениците на ромите старокупувачи.) Смеата и игрите замаглени ќе може да ти ги одмагли единствено сонот – во него повторно ќе се бакнуваме но ќе се будиш секогаш кога ќе ти биде најубаво.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Во „39 скалила“ јунакот запаѓа сред политички собир и импровизира соодветен говор; во „Саботер“, на добротворната приредба, тој сака на граѓанството да му ја разјасни опасната ситуација и така предоцна (сите гледаат надвор) дознава дека му е вперен револвер, и разгласува дека драгоцениот ѓердан е понуден на јавна продажба за добротворни цели; во „Север-Северозапад“ јунакот се наоѓа на аукција во затворен простор, во којшто сите излези се надгледуваат од шпиони - така решава да земе учество во аукцијата, на што организаторите повикуваат полиција што него мирно го одведува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)