атмосфера (имн.) - кој (имн.)

Богдан немаше одговор на ова прашање, но тоа природно му се наметнуваше, не толку кога ќе беа в кревет, исполнети со себе и доволни сами на себе, изделени од сиот друг свет, колку во миговите кога ќе го гледаше нејзиното голо тело низ објективот, работејќи на фотосесиите кои госпоѓа Мариела особено ги љубеше (во спалната, во кујната, во купатилото, на дрвените вртени скали меѓу едниот и другиот кат, на пространата тераса обрастена во густеж од бршлени) кои траеја долго, исполнети со сласт на себеоткривања и дооткривања еден со друг, со лес на дишење, со движења кои беа нечујни, со поместувања низ амбиентот кои беа спонтани и хармонични, во атмосфера која беше пријатна за двајцата, што, всушност, значеше предигра за она што потоа следуваше: да се спојат нивните растреперени тела во долга и страсна љубовна игра до исцрпување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кариби ли, на Балканот?  Во Варшава, значи, Хана и Леон заминаа веднаш по свадбата која се случи во синагогата во Гдањск во присуство на најблиските роднини на младоженецот, во ритуалот во кој на двапати му падна јармулката, обредното капче што стои на темето во сите свечени мигови од животот на еден Јудеец, што внесе додатна вознемиреност во и онака нервозната атмосфера која владееше и пред, но и низ свадбениот ритуал.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Една од највозбудливите примени на теоријата на хаосот ќе биде проучувањето на движењето на онаа атмосфера која влијае на временските прилики.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Од неговата провокативна и храбра, но морално и идејно речиси беспрекорно позиционирана книга, “Барикади”, ние, за македонскиот читател и со оглед на нашиот контекст, одбравме шест есеи и дел од воведниот текст во книгата, сметајќи дека едноставноста со која се изречени сериозно промислените ставови на Буден ги квалификува (ставовите/есеите/самата книга) во своевиден водич за интелектуална “Таа македонска интелигенција еманципација на дезориентираниот всушност и не е никаков источноевропеец. инте­лектуален фактор Претпочитаме дека овие ставови на туку прост општествен Буден ќе бидат посебно важни во нашата слој, опортунистичка интелектуална атмосфера која, во светлината малограѓанштина во најлоша смисла на зборот. на срамните настани на универзитетот “Св.Кирил и Методиј” 8 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Куќата целата во темнозеленикава патина, отворена со чардакот спрема реката, со дрвени скали и опкови околу стреата, па светлината од југозападот и гласот на реката создаваа една таинствена атмосфера која во мене се претвораше во едно мило спокојство.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)