атмосфера (имн.) - бев (гл.)

Атмосферата беше исполнета со многу топлина и извесна блаженост. Сите се чувствуваа многу, многу убаво.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во делот каде што тој, беше претпоставен немаше никакви проблеми.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Атмосферата беше многу жива, топла, бруеше како во кошница.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Атмосферата беше секогаш опуштена и сите се чувствуваа убаво.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Атмосферата беше опуштена, нормална. Се зборуваше за бракот, што е брак, што тоа значи, зошто е потребен, како се склопува, што е подобро: брак од интерес, со стројници или како што сега сѐ повеќе прават младите: од љубов.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Таквата атмосфера беше лажна слика за животот во овој мал град во источната провинција на земјава.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Работната атмосфера беше сосема в ред – вработените немаа поплаки ниту, пак, некакви меѓусебни препирања или нетрпеливости.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)