аскер (имн.) - во (предл.)

— А да ги налегнеме оние сто, — двесте души аскери во Витолишта, доста е само Толе со Мариовците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И навистина, на Толета не му тежеше умот за ништо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој можеше да се скрие од толку аскер во секое село кога земјата е посипана со бело брашно“?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој многу ќе ни помогне ако го прибериме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мулазимот Рифат — ефендија кондиса со педесет души аскер во Брник и немаше ден да не се печеа два три брави, десетици кокошки, стотици јајца, котли со алви, за да се избегнат зулумите од овој катил забит.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го распореди аскерот во три табури по педесетина души, а педесетина остави да ја вардат кашлата и конакот, да не му текне пак на Толета да ги нападне и во самото Витолиште, кога ќе разбере дека кашлата е празна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ако се појави некаде некој трн, ќе ги пратам одовде“, — си помисли тој во себе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Лели немало аскер в село нема одошчо да се плашеме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По ова пукање се истури залп од пушки и пиштоли и од другите редици аскер во купот луѓе што навалија на портата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Момчињата коселе трева, а Турците се нафрлиле на нив како волци и ги заклале на местото каде што реботеле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Таа вест летнала како веда од дом во дом.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тогаш некој паша, ни името не му е забележано, тргнал со аскер во овој крај, а квечерината го стигнала недалеку од Струмица.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)