армија (имн.) - бев (гл.)

Старите антички и средновековните армии беа без кохезивно единство, се исцрпуваа со осаменичките и очајнички подвизи на ритерите, со нивната дружина, па затоа беа лесно совладувани од организираната Османска Империја, која благодарение на своите јаничарски ешалони траеше повеќе од пет века.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Армијата беше составена од различните војски на земјите учеснички, и војуваше во трети земји, макар што првичната цел беше одбрана на Западна Европа од евентуална инвазија од страна на Советскиот Сојуз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Движењето на армиите беше дијаграм: една црна стрела, што паѓа вертикално кон југ, и една бела стрела, што се издига хоризонтално кон исток, преку опашката на првата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)