амбасада (имн.) - во (предл.)

Тоа беше провоцирано и со интригите на Софија во врска со преговорите на МНЛД со турската и со австро-унгарската амбасада во Петербург и со патувањата на некои видни членови на МНЛД со дозвола и со поддршка од турските власт во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
63. Тие летни денови добивме одговор од југословенската амбасада во Москва.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Испративме писмо до југословенската амбасада во Москва и сега чекаме виза.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можејќи да го занемарат тој факт, Амбасадата во Атина сугерирала дека било многу тешко да се изврши "трансферот на македонските Словени".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште поголемо вознемирување предизвикала и констатацијата дека "еден слободен и фер плебесцит би бил, според сите верувања, на штета на Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Постојано бегав од него, во градот Тунис, во вревата на животот, во неизвесното зовриено дипломатско време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На министерот му се допаднал ставот на улавиот и тој станал завршен дел од инструкцијата од посебен стратегиски интерес која била испратена до сите француски амбасади во светот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во циркуларната телеграма се наведуваа информации од други амбасади во регионот за американско-палестинските преговори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ретко ми се случуваше да стигнам пред шифрантот Петар Иваз во амбасадата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сетив на претходната средба, во истиот кабинет, пред заминувањето, пред точно четири години со тогашниот сојузен министер за надворешни работи Раиф Диздаревиќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во шестата управа на Централата во Белград, задолжена за земјите на Медитеранот и Блискиот Исток, очекуваа од мене исцрпна телеграма за почетокот на преговорите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со неговиот брат, амбасадорот Нијаз Диздаревиќ се бев сретнал пред многу години, кога мојот некогашен професор и пријател Паскал Сотировски, ѕвездогледец и добротворец од редок ков, ме одведе со себе на прием во резиденцијата на југословенската амбасада во палата кај Паси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мигум ми ја донесе фасциклата со дешифрираните телеграми, вклучувајќи ги тука и циркуларните телеграми, кои се упатуваа до сите амбасади во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој веднаш го изнел своето мислење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Велат дека тука бил во зенитот на дипломатската кариера, кога од Женева, бил задолжен да ги испраќа главните инструкции на Министерството за надворешни работи за сите аргентински амбасади во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Истрајувал стариот како своевиден Дон Кихот во неколкувековната дипломатска тврдина крај Сена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се случило еднаш, кога аналитичките служби на министерството останале без крунски аргумент за една инструкција која требало да се испрати до сите амбасади во светот, тогаш министерот решил да побараа мислење од улавиот дипломат на мансардата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Возачот Бешир веќе беше на своето место. Беше готов да полета од Картагина кон амбасадата во Тунис!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Заедно со заменик министерот за култура на Република Полска ги поканив во нашата амбасада во Варшава.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)