активност (имн.) - бил (гл.)

Во 1943 , како резултат на преземените активности бил формиран и горноџумајскиот партизански одред “Никола Калапчиев”.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За реализирањето на набележаните активности бил задолжен т.н. „истакнат“ дел од четничката врховна команда - Горски штаб 110, формиран во март 1942 година, под команда на мајорот Радослав Ѓуриќ, што ја опфаќал територијата на југоисточна Србија, Косово и Метохија и Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Поради својата активност бил во затвор две години. Умира во Моравија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Посебно внимание партиските и воените раководители од делот на Македонија под Бугарија посветувале на прашањето за разјаснување на македонското национално прашање и за македонското националноослободително движење во минатото.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Британските политички кругови се обидувале и се обидуваат тоа да го објаснат со тоа што во јули 1940 година движењата на отпорот во Европа се сметале за тајни армии и нивните активности биле спротивни на законите на војната.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)