адреса (имн.) - во (предл.)

Потоа од доверливо лице-тенеќеџија капакот на тенеќиите се затворал, како што тоа се правело со шарлаганот, и тие се праќале по железницата на определена адреса во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Новата адреса во која живееше Томо со семејството не ја пронајде. Почна да ја обзема очај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Разбери ме не можам повеќе да те создавам да те лекувам со поштенски марки нема повеќе да патуваш сакам да верувам молци ги јадат адресите во мене интимно се топат некои санти и паѓа горчлива сенката на времето кога се кастрат лозите и поривите а билјето развива бујно како грев.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Адресата во горниот лев агол беше од брат му Ташку кој живееше во Филаделфија, Пенсилванија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Така би и во наредните писма... Hlnе Lejbowicz 6Ruе du Lt Duchaillut F- 25 000 Bеѕаnоn LеѕMоntѕ-dе-Соrѕiеr (Vaud, 17.07. 2000) Господине, Најпосле го добив вашето долго писмо кое ми го испративте на мојата адреса во Фрежис, а можело да се случи никогаш да не го добијам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)