агол (имн.) - во (предл.)

Од неодамна Хемингвеј ми стана прв сосед. Така, имено, стопанот си го беше крстил кафулето зад аголот во кое катаден потскокнуваат голи папоци.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Наши луѓе можат да се забележат на секој агол во Солун.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секој од свој агол во своевидна наративна рашомонијада ги оспорува и ги поткопува веќе усвоените становишта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа го заведе со своите приказни, па и пред да биде свесен за да се спротивстави, тој плачеше на оние тажните, се смееше на оние веселите и ги следеше нејзините наредби.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш мислеше дека е подготвен да ги изоди сите дивини, само да биде негова, и му се чинеше дека секој збор што тој ќе го каже ќе биде премногу во аголот во којшто таа го притисна со своите зборови и го зароби во својата мрежа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ги навлече завесите на прозорецот да ја подзатемни собата, го постави дрвениот столна средината на собата, седна на самиот крај, со долниот дел на нозете во прав агол во однос а бутините, со нозето подрасчекорени.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Запалив цигара на балконот и гледав во Крстот што наполу светеше, се помолив, како секогаш кога ќе го видам (а, го гледам стотина пати во денот, од секој агол во дневната соба).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така ги одбегнуваше сите судири со блиските и сите агли во куќата, ширејќи околу себе таква топлина од добрина пред која немаше некој да не омекне.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Снимив околу девет агли во Алберт Хол кога беше празен, со истиот тип на објектив што го користевме и подоцна, и се служев со долга експозиција за сликата да биде јасна и остра, а потоа тие фотографии ги зголемив на формат 14x8.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вакуум-гумите останаа каде што и беа, под прав агол во однос на падината на брегот. 91.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)