автобус (имн.) - и (сврз.)

Алкохолот не е дозволен во возови, автобуси и минибуси кои одат на спортски настани и на места кои се посебно заштитени со законот; во Ковентри (Coventry), на пример, забрането е консумирањето на алкохол на отворени јавни места.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Рада повторно ја фати средината на автобусот и потпрена до топлото стакло се препушти на сонот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со тие пари отворив фабрики за специјани автобуси и воведов компјутеризиран јавен сообраќај во целата Република.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Никогаш не сум можел да живеам во колектив (тоа ја објаснува и потребата овде да не кажам речиси ништо и за моето семејство); дури имам отпор и кон јавните нужници, автобусите и возовите; ми се гади од помислата дека седам на столче или WC шолја на која седеле илјадници пред мене, макар таа да биде и целосно дезинфицирана и стерилизирана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И навистина; сите ученици се беа групирале пред автобусите и се готвеа за враќање.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стигнавме во Велес околу девет часот; на Земанек му купив автобуска карта, го качив на првиот автобус и го замолив да ме остави сам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Влегуваат и во автобусите и ги ограбуваат луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врвам низ автобусот и казнувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го запирам автобусот и влегувам внатре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крајно изреволтирана, спремна на кавга дури и за најмала ситница, влегувам во автобусот и замислете куриозитет - шоферот ја пуштил The Unforgiven од Metallica и тоа ја рокнал до даска.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Зад нас се залепи автобус и труби та труби. Изгледа му се брза.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Учителката ќе те научи како влегуваат во блокчето такви високи згради, разнобојни лимузини, па црвени автобуси и широки згради, разнобојни лимузини, па црвени автобуси и широки улици!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Секое утро оди тој до неподвижните автобуси и камиони на улицата, ги гледа, ги отвора нивните врати, разговара со шоферите, влегува во кабините, и црта прави и криви линии врз големите, правливи врати на овие возила.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Експанзијата на брендовите продолжува на автобусите и такси возилата, кои се претвораат во подвижни реклами, „развозувајќи ги патниците наоколу во џиновски чоколади и гуми за џвакање, исто како што Хилфигер и Поло ја претворија облеката во бренд билборди за носење“. 124
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Рекламите насликани директно на ѕидовите „преземаат“ цели згради, се прошируваат и преку рабовите на зградите, за на крај да ја проголтаат целата зграда.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Но се премисли кога виде неколку жени во униформи, кои ги пречекуваа на вратата од автобусот и им ги покриваа главите со наметки за да не накиснат, а потоа ги поставуваа во ред еднододруго, водејќи ги тивко и со решителен ритмичен чекор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ќе се исуши по пат,“ ѝ рече жената, мавтајќи ѝ од вратата на автобусот, а потоа додаде: „Со среќа!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А дотогаш, кога сакаш можеш да се возиш во автобусот и секогаш да седиш на ова место крај мене.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Првин го виде над себе она старче на кое ветерот му ја одзема шапката, потоа работниците што чекаа крај расипаниот автобус и она девојченце што имаше излитено џемперче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Чичко чиј е овој автобус? - го праша тој шоферот што седеше во автобусот и читаше весник.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Па, драги деца, ако се возите во некој од црвените градски автобуси и ако видите дека некое дете седи до шоферот, знајте дека тоа е Цане.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)