автобус (имн.) - го (зам.)

А вистина е дека во тие моменти се чувствувам како да сум во Лондон особено во моментите кога двокатниот автобус го прави оној свечен круг по Градскиот плоштад.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во нашиот автобус го немаше Фискултурецот, оти си беше заминал со џипот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во автобусот го чека меко место, со масичка пред него, весник ако сака да чита или слушалки ако сака да слуша музика, а патем има право на едно кафе или чај со неколку бисквити.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Да за автобусот го употребувавме името РЕЈЗ.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На вечерната забава, оние кои уште во автобусот го фрлија мамецот ја чекаа својата вистинска шанса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)