авион (имн.) - кој (зам.)

Вие најчесто ќе биете од блиско растојание, а можно е да биете и авиони кои летаат ниско, на височина од петстотини метри.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И навистина: тој читаше страница по страница, а ние патувавме: се стискавме за авионот кој не беше повеќе распарчен и раздробен и, слушајќи го, се вѕиравме во мислите да го видиме она што Васе го читаше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја отворив портата позната, ги собув патиките, си отворив едно ладно, скопско, фридижирано пиво, се истегнав на фотелјата, го вклучив телевизорот, потегнав една добра, долга, рамнодушна голтка и ждригнав во моментот кога на екранот Боги запали цигара, вртејќи му го грбот на авионот кој заминуваше некаде далеку, многу далеку.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Седумдесет авиони кои полетаа од аеродромите во Лерин, Рупишта и Кожани во пет часот наутро ги нападнаа позициите на ДАГ, а половина час подоцна, рововите и бункерите почнаа да ги бијат сто и четириесет топови, уште толку тешки минофрлачи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се туркаа, викаа и се надвикуваа, за спас се фрлаа во подивените и разулавени води над кои секои неколку минути долетуваа авионите кои во низок лет и заглушувачки виеж митралираа, фрлаа бомби и ракети и веднаш зад нив долетуваа други и со некои бомби што ширеа и дигаа многу пламен, ги доубиваа, ги гореа испопелуваа и мртвите и сѐ уште живите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Задачата на Ламби му била олеснета поради информацијата дека на 15 октомври 1943 година во Црвена Вода пристигнала првата група од шест авиони кои донеле воена и друга помош за македонските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)