Германија (имн.) - го (зам.)

- Водевме борба со Германците пред Мацково. Германците го запалија селото, ама не навлегоа во него - му објасни Трајче. - Тоа го разбрав од писмото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Потоа, на 9 април 1941 Германците го окупираа Солун. И сѐ се смени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пак залудно. Германците го одбиваат неговиот официјален предлогот, солунските Евреи да бидат интернирани на некој од грчките острови под надлежност и одговорност на самите грчки власти...  И сега што?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Имаше право Готлиб. Што ќе им е тука.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој не може да ги убеди ниту Вислицени, ниту Мертен или Брунер да не го пренесуваат него и неговото семејство во гетото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неколку истрели плус еден и една смрт на раб на светлоста од автомобилските фарови, а само малку пред тоа Германецот го рецитираше Гете и само малку пред тоа јас мислев на гладиоли, на стебла, на роса.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)