Влав (имн.) - и (сврз.)

Наскоро на некои служби и канцеларии, дел исто така на наши комшии и познајници, почнаа да се јавуваа натписите: „Забрането за Евреи, Власи и кучиња”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По падот на Византија, султанот Мехмед II, најпрвин го признал рум-милетот кој ги опфаќал православните христијани, како што биле: Грците, Бугарите, Србите, Албанците, Македонците, Власите и другите православни народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На чело на овој најголем православен (румелиски, односно ромејски) милет бил патријархот, односно милет-башата, кој живеел во Цариград, во местото Фенер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние станавме за надворешниот свет Срби, после истапивме како српски поданици и најпосле името Србин фати да означува Македонец, не Грк, не Влав и не Албанец.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
30. Зборуваат притоа: како што беше во Источна Румелија (Јужна Бугарија),а таму ќе се види каде има Грци, каде – Срби, Бугари, Турци, Власи и Арнаути.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Власите и нашиот народ се разликуваат по јазикот, носијата, карактерот, така што никојпат Власите не можат да претендираат на наши села; исто така никојпат ние не сме кажувале оти влашките села се наши.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имено, повеќето од нив беа Мариовци од селото П’чишта кои оваа година ја откупија планината од Селим-бег од Солун за триста и седумдесет гроша – дваесет квадратни километра борова, букова и дабова гора со не помалку рудини и пасишта, за да не им клава бегот сточари Власи и Мијаци, а нивната стока да умира за вода, паша и од жештина долу крај селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)