оф (изв.) - леле (изв.)

Нешто се тресе во водата ладна стружанка млада широкоградна камен од бубрег во бешика спадна голем ко орев го измочав падна Во Струга сакам и плажа да имам да не плаќам данок пари да зимам езеро чисто јас да благословам нелегално пастрмки со мрежа да ловам Оф леле леле либе ле Дримот ги лади јајцата две виршлата веќе одамна се свари за тебе ќе пишам на старост мемоари Донеси либе пиво од туба да заблажам душа и слатко од дуња облечи вечер свечена руба од сите ороспии да бидеш најубаа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И матното однеси го, отвори ширум патишта, премости реки, разведри небо - да ми се вратат чедата големи и мали како што се враќаат ластовичките, оф леле, леле, мајко, лелеее... оф!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оф леле, се сварив!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Леле, оф леле - стишено залелека баба Петра, небаре да не разбуди дете заспано.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Леле, оф леле, прибери се, душо намачена, не ти е прва умирачка... прибери се, среди го домаќинот - како што е редот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се затетеравува. Колачот паѓа. Се крши.) МАРИЈА: Оф леле!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дојдоа партизаните. Кога ми моми видоа бело ми руо кренато, фатија моми да плачат: „Оф леле боже до бога, да каде ни е руото?
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Троа погоре бел тигар им го варди патот на црните номади каде и да плукнеш ќе си најдеш алтани среде Алтајската Гора и ако се палиш на народни ќе си ја викнеш Горо ле, горо зелена оф леле, леле, и тука имало Хунзи играорци и занесени, и однесени, што си мислат ако се пуштат по Об и Иртиш и ако се бабачковци и ксметлии, директно до Белото Море ќе допливаат.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
И вреска, ко кутнато прасенце. ־ Оф, мајко, оф леле, мајче мила, вика, кај си мори мајчице?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)