ма (изв.) - мера (имн.)

Имено, скапотијата на водењето судски спор во РМ, во голе- ма мера, делува одвраќачки и демотивирачки при помислата на граѓаните или работниците, по институционален пат, да бараат решавање на проблемите, па дури оди дотаму што барањето прав­ да преку суд се гледа како свовиден луксуз.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2 Токму во духот на онаа позната максима дека „задоцнетата правда е неправда“, мора да се стави до знаење дека вака воведените законски рокови од инструктивни, треба да станат облигаторни за судиите – на тој начин што би се предвиделе и санкции за нивно непочитување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Интересно е тука да напоменеме дека Република Македонија веќе има изгубено неколку работни спорови пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, и тоа токму поради повреда на круцијалното начело за судење во разумен рок, гарантирано во чл. 6 од ЕКЧП.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)