леле (изв.) - мајка (имн.)

да не стекла пак реката, да не ги откорна овошките или само алето, е во Америка алињата им се дома, в среде куќа, е па водата нема узда, не се запира со прачка и со викање, а да ја видиш онаа вода што се оди со денови, еднаш ни рекоа денеска морето ќе игра, а кога игра морето, не играјте вие и кога зеде да рипа, да станува и да седнува, леле мајко, потплашена кобила, фучи и се пресега преку бродот и го прескока и 116
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Леле мајко, велам, како можеше толку да е против мене господ?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На третиот пат, леле мајко, сум рипнала нагоре од столот, ко вејверица сум рипнала и сум го изгребала Мисајлета Ковачот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А за крај ко ќе ја пуштиме сирената да рика, леле мајко, ќе се скапи од бегање.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
ќе те дупат муви и горештината и ќе скапуваш, да не можеш да се мрднеш, и во Серес им ги турнавме куќите за да правиме окопи, и земјата е секаде празна, народот бега, а окопите ни беа покрај пругата, оти полето беше под вода, а почна и маларија, трески големи и секое утро врви човек и ти дава кинин во окопите и ние го пиеме ко ракија, а горчи, леле мајко и ти даваат некој пченкарен леб, може човек да отепаш со лебот и некогаш ќе сварат грав, ама грав нема, само неколку зрна се бркаат во казанот, и не можат да се сретнат, да се видат
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зошто и на сто години луѓето викале „леле мајко, зошто ме роди".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Личат де на кучиња де на некои жени. Забрадени, намуртени, грди, леле мајко колку грди и злобни кобарници.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Леле мајко, се штукнав, сосема се померив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)