бре (изв.) - пес (имн.)

— Та, — свика Стојо, бог да му поможе! — Елате, бре пци, да се обидеме ако ви држи!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога го видоа кој бил — му се фрлија со најразлични селски пцости — Не јади трици, бре пес!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Шо бараш, бре пес, во танецот мој и до моата невеста?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— За кого нема леб, бре пес, кај вас? — му се овргали Толе, а Брниклијата замава со стапот по Дима, уште неналегнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За да го заплашат овие „Грци“ „Бугаринот“ Толета, влегуваа оружани со една мартинка в раце, која на вратата ја менуваа таа иста пушка, бидејќи само таа беше во селото, но на Толета му се стори дека има најмалку педесетшеесет такви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Петко убаво го слушаше Ушка, но молчејќи си го продолжи својот пат за дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Капата, бре пес! — го искара Крсте детето и ова го симна од главата својот извалкан фес и го прибра барутот и сачмите, а откако се истави од Шаќира, си ја нарами кремењарката, фати горе Жиовскиот дол, та си отиде дома, мислејќи во себе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)