бре (изв.) - луѓе (имн.)

Туку вие како сте, останавте ли живи, — па нарочно разгледа горедолу, барајќи со очите некого во оние што го обиколија и сериозно запраша: — Камо го Дамета, бре луѓе?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шо ал се прави, бре луѓе, — вели дедот Петко — кај ќе му се бараат жени на виа наши вдовци?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И навистина, бре луѓе, виа велигденските јајца ем поголеми, ем послатки ми се гледаат, — си го даваше својот суд овчарот Билјаров, стариот дедо Беле.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ние зборуваме, тој само ќе ја поразгори цигарата и пак удира со теслата, ги сложува лактиштата, ги лепи. ־ Добро, бре луѓе, вели Дуко по некое време, мора да се прекрштаваме?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Или отиде да преговара со Хилмипаша во Солун?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)