бре (изв.) - другар (имн.)

И кога ме испрашуваше иследникот, јас му реков: - Добро, бре другар, тој и тој, кои најмногу викаа против Тито, против Југославија и Колишевски, први ги примивте...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
— А кога Пере лачкаше во Смилево, што велевте вие сите тројца, бре другари?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— О, ох! Брза да ве однесе, што го зедовте народот на врат, да би аир во очите не виделе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е камо ги бре другари, триста илјадите бајонети и пушки в грб на аскерот? — ја започна Пере кавгата. — „Камо ги“...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Камо ви го оружјето од братска Бугарија?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Скоро сите организациони луѓе или беа тргнати со нив, или се криеја од нив за да не паднат в очи утре кога ќе нападне аскер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ооо! Добровечер, Борисе, Апостоле, Иване, Луко, Василе... добровечер, бре другари!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тогаш, таму во Идризово, му велам на иследникот: - А бре другар, па тој и тој таму најмногу викаа и ја клеветеа Југославија и го пцуеја Тито и први ги примивте...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)