ај (изв.) - сиктер (изв.)

Возејќи сега кон ешалоните што стојат построени, Коста ги преџвакува овие разговори и веста дека Нумо Дамовски е во Прењес и размислува што да направи наопаку за да го слушне од својот претпоставен она „Ај сиктер, паљопедо“22 и барем половина час да биде слободен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Која, бре, троица? - праша Мита. - Ај сиктер, ре! - налутено викна Аргир.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ај сиктер оттука да не ти излеза да ти и скрша коските со тој бастунот шо си го кренал како питач?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Доста, - рече Високиот. - Коста, ти слези и зафати се со поправката на џипот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Значи, слободен сум за час-два? - праша Коста. - Не! Веднаш тргнуваме за Елбасан!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Непознатиот се исправи и рече: - Ај сиктер, панталоните ми пукнаа! Погледни!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)