аман (изв.) - ага (имн.)

А кој кого да каже кога речиси сите беа!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Слушнавте? – викна кадијата и остро ги погледна сите врзани. – Инаку, ни глушец нема да остане во селово. – Аман, ефенди, аман бегу, аман ага, аман пашум – почнаа сите врзани да молат. – Аман, што сме должни ние да плаќаме за нашите дедовци и прадедовци – проговори сам попот. – Нема аман, нема аман бре ќерата!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Нере ѓидиорсун, бре ќерата, ана сени — ... ана! — викна првиот што дојде до Крстета и ја смолкна пушката, го заврте кундакот да мавне, но Крсте за час се провна под магарето и заплака, молејќи се со „аман ага, аман ефендум, аман пашум" и целиот се затресе како лисјето на ближната бука од горскиот ветер.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кај Батанџиовци една вечер станаа пискотници во племната.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ретко ќе се најде перо и рака да ги опишат, но отприлика изгледаа вака: — Аман ага, аман пашум, аман султанум! — пиштеше и се виткаше од ударите дедот Стојко Кусибоја налегнат во сред двор во тињата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аман ага, аман пашум, аман татче, — пиштеа обесените, клоцаа мавтаа со рацете на кои им беа слободни, псуеја најпосле: живи, мртви, вера закон но ниту молбите помогнаа, ниту псовките и заканувањата ги заплашија инквизиторите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)