ѝ (зам.) - нејзин (прид.)

Маж ѝ нејзин отепа еден качак и доби абер дека сето семејство ќе му го сотрат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Татко ѝ нејзин, Јончета Јанчески, го убија Албанците уште додека сојот нивни живееше таму некаде, во Западна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повторно најстојуваше да се види со Злата, но и последната нишка надеж му ја скина мајка ѝ нејзина која кога го виде, му рече: - Дете, тргни се веќе еднаш од ќерка ми...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Како не важат нашите тврдења, - се бунат мајка му и мајка ѝ нејзина, - та ние сме ги родиле...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Затоа кога избега Митра за него, дека го неќеа жителите на Потковицата, и дека го презираа и него и татка му, татка ѝ нејзин, Ангеле Ризески Козето, како умрена ја редеше, на цел глас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа рипна, ја исече сета нејзина руба спремана за невеста, ископа гроб, вистински, и ја закопа - но не подалеку од очите, долу во оградичето: За да ѝ го гледам гробот, рече, ако не ја гледам неа жива.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Парите на Јанчевци, за нив и за Драганка, им ги оставил татко ѝ нејзин, велеа, уште тогаш, кога го одвел Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)