ѝ (зам.) - кон (предл.)

Но и покрај тоа, тој не ја оставаше на мира: ѝ доаѓаше во сон пресоздаден во бубачка, во онаа иста бубачка што таа ја отепа на ковчегот негов; ја подотвораше полека вратата од одајата како човек, и влегуваше внатре, лазеше по подот, се качуваше на креветот, лазеше по покривката одејќи ѝ кон главата; таа скокаше исплашено, се собираше в клопче на едниот крај од креветот, а кога таа и понатаму ќе продолжеше да оди кон неа, таа ја удираше со нога, со рака, со перницата, ја гмечеше, но бубачката ништо не чувствуваше и пак продолжуваше да лази кон неа; таа скокаше од креветот и бегаше низ одајата, но и бубачката слегуваше од креветот и продолжуваше да оди кон неа; ја удираше со метлата, ја удираше неколку пати, силно, но бубачката само се превртуваше на грб, а потоа пак одвртуваше и продолжуваше упорно да лази кон неа; кога ќе ѝ дојдеше до ногата, таа пак ја удираше силно со стапалото за да ја смачка, но бубачката се престоруваше во дијамантното камче од амајлијата на Илко и неа ја заболуваше стапалото при ударот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)