ѝ (зам.) - мина (имн.)

Милчо се крена на мускули, ја опчекори оградата од терасата, тропкањето ја исплаши Венче, и таа скокна од столот, и кога го забележа него, ѝ мина штрекот и се успокои.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Од детстките лица погледот ѝ мина кон масата украсена со две саксии кали - и наредени сите нејзини книги напишани за деца и млади.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Низ главата ѝ мина мислата: колкава ли е плејадата убавици престојувале на ова место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа целиот живот нас нѐ спасуваше, животот ѝ мина во тоа, но сега ѝ дојде редот да ја спасуваат нејзините чеда!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)