ѝ (зам.) - телефонира (гл.)

Италијанскиот народ ѝ телефонира на владата: - Дај си оставка или забрани ја олимпијадата.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Чита понатаму: „...посакувам да се појавиш...твоите дланки, одзади, ме гушкаш („ќе ѝ телефонирам“)...суштината на твоите исчезнувања...те посакувам („ќе ѝ телефонирам“)...биди, барем за минута, јаболко кое го гризам („ќе ѝ телефонирам“)...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Следната на која ѝ телефонирав, беше згодната малечка артистка, чие витко тело, стегнато во мини маички и хулахопки, отсекогаш ми будеше најгрешни мисли и замисли.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ѝ телефонирам на мама во Загреб. Исто е како кога замина. Повторно удираат на Дубровник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Погледна на часовникот: беше девет и нешто. Реши да ѝ телефонира.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Подобро. Спокојно ќе си легнам - зборував сам со себе.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Да беше тука баба, ќе кренеше викотница: - Оф, јас сирота, чедо на баба!...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Можеби ќе ја викнеше на помош и баба Цвета. Можеби ќе ѝ телефонираше на мама, на тато. Ќе ги вознемиреше на работа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога бев кон крајот на книгата, повеќе од некакво внатрешно задоволство, ѝ телефонирав на Мајка. Никој не ми одговараше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)