ѝ (зам.) - раскаже (гл.)

Кога ќе дојде, ќе ѝ раскажам по нешто од сето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Попосле ќе ѝ раскажам што ми се случило.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледај каков си: сиот прав и крвови - си реков.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Заради оние одговори во врска со мојот интимен живот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мама беше многу здодевна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ако имаше три чисти да се прчиш пред другарите, дека Анче од VIб тебе те замолила да ѝ се запишеш во лексиконот - и тоа си го сторил мошне успешно - сега имај три чисти да ја гледаш мама в очи и сè по ред да ѝ раскажеш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не ми е слатко кога јадам сама.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Решив на мама да ѝ раскажам сè и да ја замолам таа да дојде со мене кај директорот. Така сторив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бараше да ѝ раскажам како ми поминал првиот училиштен ден во петто одделение.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Така и сторив: се измив, се преоблеков, а валканите панталони и маицата ги скрив во купатилото, мама да не се исплаши, кога ќе дојде дома.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Веројатно заради тоа не зборував со тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вечерва, ако се вратат здрави и прави, сѐ ќе ѝ раскажат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Утрото Славчо стана и отрча право кај баба си да ѝ раскаже за убавиот Месечков зрак.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Таа вечер, кога се опив, ѝ раскажав на Ина сѐ за Луција; таа ми ја зеде главата во скутот и потем долго ме тешеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И ѝ раскажа на Луција за случката со мотоциклот, онаа со возењето на едно тркало, но ѝ раскажа и за онаа ноќ кога јас ги забавував девојките качувајќи се на скала што не е потпрена на ништо; таа не веруваше, се смееше, се држеше за челото и велеше: „О, не, па тоа не е возможно! Не, не тоа никако не може да биде!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ѝ раскажа приказна на Ели, држејќи ја во скутот, ме пофали мене за двете петки на писмените работи од македонски и математика, направи некаков пудинг за по вечера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пак сакав да ѝ се доверам, но сфатив дека ако ѝ раскажам за тоа што се случи претпладнето нема да ѝ биде пријатно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
За мене со Ели обврските беа сосема мали: ако сакам да ја прошетам, кога немам за учење, ако сакам да ѝ раскажам приказна, или да ѝ прочитам од книшките.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Веројатно било пролет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Почнале да пијат в зори, а ова се одвивало после полноќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Далтон ѝ раскажа за една ноќ во средно кога пиел пиво со своите другари.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се врати дури по неколку саати, збунет и вџашен, и прво ја допи ракијата пред да ѝ раскаже на мајка му дека во банката е целосен хаос, луѓето викаат, жените паѓаат во несвест, а службениците не знаат што да прават и само нервозно се растрчуваат и упорно повторуваат дека нема пари.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа ѝ раскажала дека продолжила да ѝ носи цигари на Марија секогаш кога можела, па дури и решавала и некакви итни непредвидени работи, сè додека еден ден не ја нашла болницата во урнатини, разурната како лош споменик на тие неблагодарни времиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога, пак, тој ѝ раскажа што била работата, таа плесна со рацете и рече дека треба да оди директно кај началникот на полицискиот реон, дека блоковскиот ќе го измами, ќе му вети а потоа ќе го влечка; дека е најдобро да оди направо кај началникот, дека тој ѝ е дури и познајник, зашто ×ухонката Ана, која порано работела кај неа како готвачка, сега е дадилка кај началникот, дека таа често го гледа и него лично како минува покрај нивната куќа, и дека тој исто така секоја недела е в црква, се моли, а во истовреме ги гледа сите со весел поглед и дека, според тоа, по сѐ се гледа дека е добар човек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Милорад Павиќ  ЧАЈ ЗА ДВАЈЦА
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не се сеќавам што сум можел да ѝ раскажам за себе, можеби сè освен играта, но тоа тогаш не е ништо, во еден момент се насмеавме, некој од нас прв се пошегува па потоа откривме дека ги сакаме истите цигари и Кетрин Денев, ми допушти да ја испратам до портата од нејзината куќа, пријателски ја испружи раката и се сложи да биде во истото кафуле во исто време следниот вторник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тогаш ѝ реков, се сеќавам на ѕидот на гробиштата и како Мари-Клод се потпре на мене и како ме пушти да зборувам со лицето загубено во топлиот мов од својот капут, кој ќе знае дали мојот глас стигна до неа со сите негови зборови, дали беше можно ра разбере; сѐ ѝ раскажав, секоја поединечност на играта, таа не-веројатност потврдувана низ толку Паули (толку Офелии) загубени на излезот од некој ходник, пајаци после секој крај.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој ѝ раскажа за необичната блискост што постоеше, или изгледаше дека постои, меѓу него и О'Брајан и за поривот што му се јавуваше понекогаш едноставно да му пријде на О'Брајан, да му соопшти дека тој е непријател на Партијата и да побара помош од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште од првите разговори, ѝ раскажа за историјата со Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа што ѝ раскажа за неговата поранешна жена и синот - е решена ситуација.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Знаев дека мајка ми ќе ме кара, но сепак, побрзав да стигнам дома за да ѝ раскажам за лулашките и за да не ме чекаат Мони и Бистра.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Каде одите? - ги прашав задишана.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа со внимание слушаше вести на телевизија за некакви штрајкови на работниците и не можев веднаш да ѝ раскажам за алигаторот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А, можеби и не ѝ раскажал, можеби навистина чула од... од Пиљарот, на пример? - се утешив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се ѝ раскажал на мајка ми, - си реков, но лутината брзо ми мина кога се сетив дека тоа за бандата, ако мајка ми успее убаво да опише, може да биде мошне интересно за читање.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Следните денови оти денови пред Нова година мајката Перса ја забележа промената кај Пелагија и не ја остави на мир додека не ја натера да ѝ раскаже што се случило на денот кога падна големиот снег што го има завиено во бело целиот град.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Земи го, нека ти донесе што душа ти сака“. И ѝ раскажа од каде го носи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А, можеби и никогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да ѝ раскажам сè и да го поднесам нејзиното викање и сета лутина што ќе ја обземе, или да продолжам да си молчам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тој момент чкрипна влезната врата од дворот и се слушнаа чекори.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Премолчав само дека од неодамна почнав да се прашувам дали сум можеби на некој необичен начин вљубена во него и дека не знам како тоа можело да се случи кога толку долго ми беше само пријател.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Решив сѐ да ѝ раскажам на мајка ми. Таа може да ме разбере.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- И мене ми е, многу повеќе отколку што тоа ти можеш да си го замислиш – признав и решив сè да ѝ раскажам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеби некогаш другпат, кога мене ќе ми се пристори дека е време, можеби тогаш ќе ѝ раскажам за него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Доверба ми влеваа нејзините, понекогаш чудни однесувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Отидов да преспијам кај дада. И нејзе ѝ раскажав сѐ.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И пак почна да го прашува Сашо. Тој ѝ раскажа како беше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Вечерта подолго си играв со неа, ѝ раскажав една приказна повеќе, а пред спиење прошетавме уште по една нешетана улица.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Си влегоа дома, си седнаа и таткото сѐ по ред ѝ раскажа на Билјана за детето што се викаше Цане и што сакаше да го купи автобусот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)