ѝ (зам.) - работи (гл.)

- Се сеќавате ли што зборуваше Виолета за Бејрут? Кога маж ѝ работеше во амбасадата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Или луѓе немаат леб да јадат, или тераат тежок луксуз.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ѓулсиме престана да ја очекува неговата помош во домашните работи, и, како вистинска жена на ќаја, го избра поразумниот и утапкан пат, и почна да ги вика селските жени да ѝ работат низ куќи, да ѝ аргатуваат во бавчите, и да ѝ го чуваат детето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се вљубила во свој врсник веднаш по завршувањето на гимназијата, се венчале неколку години подоцна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рацете ѝ работеа како машини, ама нејзиното мугаво лице, скаменето речиси од враќањето од болницата, станува како јагленосано.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кажа дека се родила во Прага, татко ѝ бил трговец, мајка ѝ работела во заводот за заштита на работниците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)