ѝ (зам.) - прошепоти (гл.)

Ја бакна со полузатворени усни. „Прими ме“, ѝ прошепоти тешко.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Откако го зеде прстенот, Мискарица ја прегрна Аспасија и ѝ прошепоти: - Слушај: наместо Викторија, утре во градината, крај брегот, на ѓерѓефот ќе влезе сестра ти Атина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Овој е!“ ѝ прошепоти возбудено кога покрај нив помина високото русокосо момче кое го подгледнуваше веќе неколку недели, оној што секогаш, несвесно, во ритамот на некоја само за него чујна музика, се удираше по ногата кога одеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја преточи во нејзините очи сета своја молбена добрина, топло ја прегрна, и тивко ѝ прошепоти: - Заминуваме!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)