ѝ (зам.) - префрли (гл.)

Свекорот никогаш ни со еден збор не ѝ префрли ништо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Нашиов пријател прилично одамна е слезен во бездната на исчекувањето - ѝ префрли на жената Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Сепак, твојата последна симпатија изгледа не успеа да ја убедиш дека времето е најдобар исцелител? - студено ѝ префрли Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа навистина умееше да го избрише прозорецот со мрсна крпа а потоа да те турка да погледнеш за да утврдиш дека среде лето надвор паднала магла.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го праша дали може да го добие рецептот, а Ѓорѓија многу вешто ја искористи оваа шанса.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Само што бабата ја пушти временската прогноза, тој стана и почна да ѝ вика, да ѝ префрла за сè што не ѝ префрлил дотогаш, а старицата толку се навреди што цел ден не му зборуваше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Изгледа, Данте цапнал со лева нога во денот кога ѝ префрлил на Пиза дека е срам за родот човечки.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И така од век во век, од облак на облак.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Со право можеа да ѝ префрлат дека е обична воајерка ако ја забележеа во сенката зад пердето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)