ѝ (зам.) - прати (гл.)

Потоа ѝ прати кутија локум, та дури ја дотера до сребрен синџир со гровчиња и најпосле „саватлија“ прстен, со празно место за презимето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што ли Долгиот ѝ пратил. По неколку пати ги отвори сите фиоки во куќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѝ пратив збор по еден мој познајник и таа дојде во шумата каде што се одмораше нашиот одред.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Снеже прва го впери погледот во Рада која како случајно ѝ прати една дискретна насмевка на што следеше реакција на средовечната дама.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако можам ќе ѝ пратам абер по баба Анча, но не верувам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ѝ пративме дарови на свршеницата твоја; прстенот таа го смени.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во истиот момент, сосем случајно Торнхил му се обраќа на истиот службеник, за да ѝ прати телеграма на својата мајка; руските шпиони кои внимателно ја следат целата ситуација заклучуваат дека Торнхил е прикриениот Каплан.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)